Изложба на фотографии на белградскиот фотограф Иван Иванов

Во понеделник на 17 јуни во 19.30 часот во Галерија 2 во МКЦ, ќе биде отворена изложбата на фотографии на белградскиот фотограф Иван Иванов насловена какп “Хор од солисти”.

Иван Иванов целиот работен век го минал како фоторепортер на неделниците „Дуга“ и „Практична жена“ за кои подготвил голем број насловни страници и фоторепортажи од општествено политичкиот живот и културните манифестации и фестивали во Југославија но Иван Иванов со својот фотоапарат во рацете снимал се што ќе му привлече внимание од секојдневието но и возбудливите ревии на Карден, Живанши, Александар Јоксимовиќ и светските артисти и режисери кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ.

На фото портретите на Иванов може да се забележи нешто искрено, топло и старинско, нешто што отскокнува од студенилото на дигиталните снимки.Во 2012 година, во Галеријата на Академијата на уметности на Србија во Белград, промотор на неговата самостојната изложба „Некад и сад“ бил Јован Ќирилов, филозов, писател, театролог, директор на БИТЕФ, а промотор на изложбата во Скопје, на која ќе бидат презентирани фотографии од најпознатите артисти од бившите југословенски простори ќе биде Влатко Галевски.Изложбата ќе трае до 30 јуни.

- Реклама -