Албанија го претстави првото оклопно воено возило „Made in Albania“ – „ШОТА“

Албанската компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз.

Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“.

Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, и оти веќе имало голем интерес од странски земји и за производство на дронови.

-Возилото ќе биде претставено на саемот во Париз од 17 до 21 јуни. Отсега имаме голем интерес бидејќи ни резервираа многу состаноци, не само за ова возило, туку и за другите наши производи. Многу голема побарувачка имаме за дронови. Компании од Полска, Чешка, Украина со задоволство градат фабрики овде во Албанија за производство на воени дронови, рече Пуца.

Прочитајте и:  Усни, заби и силиконски гради: Колку Албанија заработува од медицински туризам

Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

Албанската влада подготви Нацрт-закон за производство на оружје „Made in Albania“ со кој се уредува индустријата за производство, истражување и развој на оружје, муниција, опрема и воени технологии, како и нивна трговија.

Сите албански или странски компании кои ќе аплицираат за лиценцирање ќе треба да планираат почетна инвестиција од

најмалку 25 милиони евра, а во период од 10 години, се ослободени од данок на добивка а ќе плаќаат ДДВ од 10 отсто. 

- Реклама -