Шолц: За мир во Украина Путин ќе треба да се согласи за повлекување на војниците

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази внимателен оптимизам во врска со мировната конференција за Украина што ќе се одржи во Швајцарија кон крајот на овој месец.

-Ќе разговараме за принципите за праведен и траен мир таму. Ова сè уште не се преговори за крај на војната, бидејќи за тоа [рускиот претседател Владимир] Путин треба да покаже дека е подготвен да ја прекине својата брутална кампања и да ги повлече војниците, рече Шолц денеска на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин.

Тој додаде дека „можеби може да се најде начин да се започне процес во кој Русија еден ден ќе седне на масата“.

Германија, посочи тој, ќе остане цврсто на страната на Украинците.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

-Сè додека Путин продолжува да ги следи своите воени цели, „нашата порака затоа ќе биде дека нема да се откажеме од нашата поддршка за Украина, рече Шолц.

- Реклама -