Столтенберг на Б9 во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка

НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, најави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9, пренесоа германските медиуми.

Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Полска.

-Целта што ја следиме е најмалку две третини од земјите-членки на нашата Алијанса да потрошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, истакна Столтенберг за време на неговиот воведен говор заедно со домаќинот на настанот – летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.

Прочитајте и:  Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси

„Порано или подоцна, Украина ќе влезе во НАТО“, кажа Ринкевичс, кој денеска го одликува  генсекот Столтенберг со највисоката државна награда на Летонија – Орденот на трите ѕвезди.

Словачка и Унгарија не се претставени од нивните претседатели во Рига, а на средбата се присутни амбасадорите на двете земји.

- Реклама -