Целата работа околу June е љубовта на членовите на бендот кон музиката и ентузијазмот да свират. Бендот е основан во Скопје во октомври 2010 година оставајќи значеаен белег на македонската музичка сцена во 2010тите години и носејќи свежина, свирејќи емотивни мелодии и раскажувајќи искрени приказни. Нивната музика е микс од инди – поп и софт – рок зачинета со кантри и фолк. Досега имаат издадено три албуми „Someday Soon“ (2012), „Indian Summer“ (2014) и „Living for the Weekend“ (2017), а во моментов го подготвуваат својот нов, четврти албум.
Сите албуми може да се слушнат на Spotify /
Симболично во јуни June го издадоа синглот – “5 AM”, прв после седум години, со новиот звук на оваа песна го најавуваат звук за материјалот кој што следи во наредниот период.
До сега имаат настапувано на стотина концерти, неколку фестивали во државата (Здраво Млади, Акто, Д-Фестивал, ПИН) и надвор од неа (EXIT, Vienna Waves Festival, Eurosonic Festival: Groningen, Indirekt – Umag) Последно можевме да ги слушнеме во живо во март во скопскиот локал – Котур.
Членови на бендот се:
Бојана Низамовска: Вокал и гитара
Филип Арсов: Вокал и гитара
Данчо Поповски: Бас
Јане Трајковски: Гитара
Дарио Циевски: Тапани