Гаши – Агелер: Многу е важна улогата на Северна Македонија и САД во промовирање на регионалната стабилност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Ангела П. Агелер. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, биле поздравени долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави. Било нагласена важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји.

Гаши изразил благодарност за континуираната поддршка што САД ја даваат на Република Северна Македонија што високо се цени во земјата. Силен столб во билатералната соработка, стои во информацијата, претставува Декларацијата за стратешко партнерство од 2008 година како и Стратешкиот дијалог меѓу двете влади од 2022 година.

Претседателот Гаши истакнал дека е многу важна улогата на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави во промовирање на регионалната стабилност и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан. Во тие рамки, тој информирал дека македонското Собрание претседава со Парламентарното Собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и од 18 до 20 јуни 2024 година во Собранието ќе се одржи 11-та Пленарна сесија на Парламентарното Собрание на Процес за соработка во Југоисточна Европа што претставува уште еден знак на посветеност на земјата за продлабочување на регионалната соработка.

- Реклама -