Технолошкиот гигант „Самсунг“ официјално потврди дека технологијата „Галакси АИ“ ќе биде дел од следната генерација „Самсунг“ телефони со преклоп.
Станува збор за претстојните модели со вештачка интелигенција – „Галакси Зет Фолд-6“ и „Зет Флип-6“, коишто се очекуваат на почетокот на јули. „Самсунг“, меѓу другото, цели кон мобилен телефон со „хибриден ВИ-пристап“ за којшто верува дека е „најпрактично и најсигурно решение“ за потребите на корисниците. Официјалниот претставник на јужнокорејската компанија, Вон-Џун Чој на својот блог објави дека имаат намера натамошно оптимизирање на искуството со претстојните преклопни телефони со ВИ.
„Нашите преклопни уреди се најразновидни и најфлексибилни во семејството ‘Самсунг галакси’, а кога се комбинираат со технологијата ‘Галакси АИ’, се отклучуваат нови можности“, напиша Чој.
„Хибридот“ би се состоел од обезбедување „рамнотежа меѓу моментна реакција и дополнително осигурување на приватноста“ на корисниците со помош на ВИ, како и вештачкоинтелигентна разновидност на технологијата заснована на тн. облак за потребни за секојдневниот живот. Чои очекува дека идните уреди ќе имаат и сѐ повеќе функции на ВИ, благодарение и на брзиот напредок во областа на невронската обработка.