Претставничкиот дом на САД усвои Предлог-закон за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС) како одговор на барањето на главниот обвинител на МКС да издаде налози за апсење на високи израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Предлог-законот, кој го претставија републиканците Чип Рој и Брајан Маст, беше усвоен со 247 гласа „за“ и 155 гласа „против“, при што речиси сите републикански пратеници беа за предлог-законот, на кои им се приклучија и 42-ца демократски пратеници, јави „Фокс њуз“.
Сите 155 гласови против нацрт-законот беа од демократите.