Сѐ е подготвено за првиот фестивал на детски мјузикли кој вечерва и утре ќе се одржи на сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје. Ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.
Вечерва се изведува „Приказната за генијалната Матилда“, на македонски јазик од талентираните членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје, а утре со изведбата на „Кралот Лав“ од талентираните ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје изведба на англиски јазик ќе се затвори првиот фестивал на детски мјузикли. Како уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова која е прва во државата која го промовира мјузиклот како сплет од уметности и со голема љубов, страст и ентузијазам им го пренесува на младите генерации. Главен покровител е Град Скопје, додека Детскиот културен центар – Карпош се јавува како организатор и реализатор на овој фестивал.
Изведбите започнуваат во 19.00 часот на двата дена во Кино Фросина при МКЦ.
Онлајн билетите се достапни сега на веб-страницата на МКЦ. Не ја пропуштајте оваа волшебна прослава на детскиот музички театар – прва од ваков вид во нашата земја!