Кинеската сонда „Chang’e-6“ собра примероци од подалечната страна на Месечината

Кинеската сонда „ Chang’e-6“ денеска ја напушти површината на Месечината откако собра примероци од далечната страна на небесното тело, соопшти Кинеската Национална вселенска агенција (ЦНСА).

Сондата полета од Месечината откако ја заврши својата историска мисија, собирајќи примероци кои потенцијално ќе им дадат на научниците нови информации за формирањето на Месечината и Сончевиот систем, објави Ксинхуа.

Сондата собирала примероци од површината со роботска рака и под површината со бушење.

Сондата сега чека оптимален момент во орбитата на Месечината за враќање на Земјата, по што ќе се обиде да слета на северот на Кина, во автономната област Внатрешна Монголија.

Патувањето на сондата до Месечината почна на 3 мај и на Месечината слета во неделата.

Тогаш CNSA соопшти дека поради отежнатато управување со сондата поради слабиот сигнал на далечната страна на Месечината, операцијата за собирање примероци ефективно ќе трае околу 14 часа, а и дека сондата ќе донесе одредени одлуки независно, без инструкции од вселенскиот центар.

- Реклама -