Хамнеи: „Бурата Ал Акса“ на Хамас на 7 октомври го стави Израел на патот што води кон уништување

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека „Бурата Ал Акса“, како што го нарече нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, го стави Израел на патот кон уништување.

-Бурата Ал Акса го стави ционистичкиот режим на патеката на која нема ништо друго освен распаѓање и уништување. Бурата уништи голем меѓународен заговор за регионот на Западна Азија. Тоа е чудото на бурата Ал Акса, рече Хамнеи за време на комеморацијата на 35-годишнината од смртта на основачот на Исламската Република Иран, имамот Хомеини.

Ајатолахот оцени дека Израел претрпе пораз во Газа и дека трагичните настани во таа енклава се цената што палестинската нација ја плаќа за своето ослободување, пренесе ИРНА.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Обраќањето на врховниот лидер се одржа во мавзолејот во јужен Техеран, каде што беше одржана церемонија во чест на покојниот Хомеини, кој почина во 1989 година, десет години откако ја предводеше револуцијата што го собори режимот на иранскиот шах Мохамад Реза Пахлави, поддржан од САД.

- Реклама -