Зеленски потпиша безбедносен договор со Шведска: Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша билатерален безбедносен договор со Шведска, еден од трите планирани со нордиските земји, бидејќи бара дополнителна воена поддршка од Западот во војната против Русија.

Соопштението доаѓа додека западните земји дебатираат дали да и дозволат на Украина да користи западно оружје за да нападне воени цели во Русија.

-Можете да видите дека Русија се обидува да ја прошири војната… Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва, рече Зеленски на потпишувањето на договорот, 13-ти таков договор што Киев го потпиша со западна земја.

Тој додаде дека вакви билатерални договори ќе потпише и со Норвешка и Исланд.

Воздушната одбрана, производството на муниција и заедничкото производство на оружје се на врвот на агендата на денешниот самит меѓу Зеленски и премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд и претседателот на Финска.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Сите нордиски земји се членки на НАТО, кои цврсто ја поддржуваат Украина.

-Вреди да се повторува повторно и повторно, вие буквално не се борите само за сопствената слобода, туку и за нашата слобода и нашата безбедност, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Затоа поддршката за Украина е толку фундаментална, егзистенцијална задача за Шведска и за сите други нордиски земји“, додаде тој.

- Реклама -