Шпанија: Палестина и Косово не се исто

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел, истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи.

Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово.

Претходно денеска Шпанија, Ирска и Норвешка ја призна државата Палестина, која ги опфаќа Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град.

- Реклама -