Захарова му одговори на претседателот на Естонија: „Нека покаже како“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја коментираше изјавата на естонскиот претседател Алар Карис, кој рфече дека е неопходно Русија да се фрли на колена.

– А како ќе го направи тоа, нека покаже“, рекла Захарова, пренесува РИА Новости.

Естонскиот претседател Алар Карис претходно изјави дека соседните земји на Русија мора, како што наведе, „да се подготват за најлошото“ и оти Русија нема да се промени ниту по владеењето на претседателот Владимир Путин.

Карис за финскиот јавен сервис Yle изјави дека најважно во моментов е да се запре „руската воена машина“.

– Ќе направиме се што можеме за да ги фрлиме на колена Русија и Путин. Тогаш може да започнат сериозни дискусии за завршување на војната во Украина, рече Карис.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -