Изложбата „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“ во Чифте амам

Во Чифте амам во Старата скопска чаршија отворена е изложбата под наслов „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“ што се организира во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп. Изложбата е поставена на 12 алуминиумски банери кои содржат околу 150 фотографии и текст (на македонски и турски јазик) кој се однесува на прилепчанецот Али Фети Окјар, војник, дипломат и политичар кој извршувал високи функции во Османска и Република Турција. Тој бил пратеник, министер, премиер, претседател на Национално собрание, амбасадор во Бугарија, Франција и Велика Британија и соработувал со Мустафа Кемал Ататурк.

– Едноставно кажано, Али Фети Окјар бил човек со биографија која фасцинира – вели раководителот на проектот, Рубинчо Белчески, историчар и кустос-советник.

Прочитајте и:  Просторни реадаптации 3: Скопската плажа како место за културна практика

Изложбата беше подготвена лани кога се одбележаа 80 години од смртта на Али Фети Окјар, 85 години од смртта на Мустафа Кемал Ататурк и 100 години од прогласувањето на Турција за Република. Досега беше помесетна во неколку градови низ Македонија.

- Реклама -