Во име на Македонија2025 и Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата „Науката и Јас“ ни преставува задоволство да ве информираме дека денеска се одржа третиот регионален Саем за наука, организиран како дел од проектот „Науката и Јас“. Овој настан има за цел да ги поттикне учениците да се заинтересираат за науката и да ги презентираат своите научни проекти пред пошироката јавност. Саемот се одржа во поливалентниот простор на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ од Кисела Вода во Скопје.
Саемите за наука се имплементирани во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и Јас“, на кои над 20 обучени наставници по природни науки, со група нивни ученици од 6 одделение, изведуваат индивидуални проекти/експерименти од областа на природните науки. Овие саеми се наменети за поддршка и унапредување на образовниот развој во нашата земја, преку подобрување на наставата по природни науки во 6 одделение. Иницијативата е наменета да промовира ширење на знаењето и практично учење по природни науки, овозможувајќи им на учениците активно учество во практични научни проекти/експерименти, со што ќе го разбудат знаењето и интересот за научен пристап преку презентација на научните концепти и ќе покажат колку возбудливо може да биде изучувањето на науката – од ученици за ученици.
Поздравни обраќања имаа: М-р Наталија Делева, Директорка на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, која во своето воведно обраќање ја поздрави иницијативата и ја истакна важноста на ваквите проекти за образовниот систем. Никица Мојсоска Блажевски, Главен извршен директор на Македонија2025, во своето обраќање се осврна на целите на проектот, саемите за наука, како и го поздрави корпоративното партнерство со општествено одговорната компанија Џонсон Мети. Таа истакна дека ваквите настани играат клучна улога во инспирирањето на младите умови и нивното насочување кон научните дисциплини. Во рамките на воведните обраќања, г-дин Зоран Николов, Менаџер за производство во Џонсон Мети Македонија, го сподели своето искуство поврзано со професијата во областа на науката, односно хемијата, притоа нагласувајќи ја важноста на науката за развојот на иновации и технологија во индустријата.
На овој регионален Саем за наука во Скопје учествуваа следниве основни училишта: ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје (Карпош), ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје (Кисела Вода), ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје (Аеродром), ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје (Центар) и ООУ „Христијан Карпош“ од Куманово. Во рамките на истиот, 5-те ментори наставници заедно со своите тимови составени од над 30-ти основци ги претставија своите експерименти и проектни задачи пред над 100-тина свои врсници од општината.
Проектот „Науката и Јас“ е одобрен од страна на Министерството за образование. Во рамки на проектот, во месец април, веќе се реализираа два регионални саеми, еден во Велес и еден во Делчево, додека последниот четврти Саем за наука ќе се реализира утре, на 22 мај 2024 во Струга во ООУ „Браќа Миладиновци“.
Искрено не радува што преку вакви настани, работејќи заедно со нашите корпоративни партнери: Костал Македонија, Триглав осигурување, Алкалоид АД Скопје и ВФП Фонд манаџмент АД Скопје, и поддржувачи: Тримакс.мк и Литература.мк можеме да инспирираме, поттикнеме и едуцираме и најважно од сѐ, да ја разгоруваме страста за наука во срцата на основците.