183
Како што нашата мускулна маса се намалува со возраста, потребата за протеини се зголемува, сепак, важно е да внимавате како го зголемувате внесот на протеини, бидејќи некои можат да бидат корисни за здравјето на срцето, додека други го зголемуваат ризикот од болести ако се консумираат прекумерно.
Протеините кои се здрави за срцето вклучуваат риба, грав, јајца, пилешко, мисирка и сирење со малку маснотии.
Кога станува збор за подготовка на храна, сè е поздраво за срцето од длабокото пржење.
Инаку, млечните производи треба да се консумираат умерено, а внесот на црвено месо да се намали на неколку пати месечно. Диета која е добра за општото здравје и за која студиите покажуваат дека тоа е секако медитеранска, а особено се препорачува еден вид на протеини – растителен.
Јаткастите плодови, семките, житарките се одличен извор на растителни протеини.