Шесто издание на фестивалот на улична уметност “Графити фест“во Куманово

Здружението за ликовна уметност „Форма“ викендов го организира шестотто издание на фестивалот на улична уметност “Графити фест“ од Куманово. Фестивалот ќе се случува на две локации на булеварот „Октомвриска револуција“, на ѕидовите на гаражите во стамбениот блок на „Октомвриска револуција“ бр. 28А и зад средното училиште „Перо Наков“.

Почетокот е закажан во сабота во 12 часот, кога учесниците ќе се соберат на локацијата. За публиката ќе има забава со пет диџеи и неколку штандови на кои ќе може да се купи освежување.

“Графити фест“ има меѓународен карактер и на него учествуваат уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија и Турција.

Концептот на фестивалот е  уметниците и уличните цртачи да внесат свежина со сликање на графити и мурали на сивите и оштетени ѕидови низ градот. 

Прочитајте и:  Изложбата во Куманово за НОБ 1941-1944

„Графити фест“ е единствена манифестација во Македонија, која неколку години наназад  дава нов лик на урбаниот простор во Куманово.

- Реклама -