Русите се обидуваат да ја пробијат одбранбената линија на украинската армија во регионот Харков

Украина соопшти дека одбила руски копнен напад со оклопни возила во североисточниот регион Харков.

Според Киев, руските сили тргнале преку границата и се обиделе да ги пробијат одбранбените линии. Регионалниот лидер во Харков, Олех Синехубов соопшти дека руските групи се обиделе да навлезат преку границата, додавајќи дека „ниту еден метар територија не е изгубен“.

Локалниот лидер на градот Вовчанск, во близина на границата, изјави дека градот е под силен напад од раните утрински часови и оти цивилите се евакуирани. Веќе некое време се шпекулира дека руските сили подготвуваат летна офанзива во Украина во следните недели, чија цел би можело да биде заземање на Харков, вториот по големина град во Украина и се уште дом на повеќе од милион луѓе. Но, украинските воени лидери тврдат дека Русија нема ресурси за тоа.

Прочитајте и:  Москва: Дискусиите на Западот за вооружување на Украина со нуклеарно оружје се крајно неодговорни

Акциите на руските сили на границата беа предвидливи, изјави Андриј Коваленко, шеф на украинскиот центар за борба против дезинформации. Тој додава дека „Русите имаат доволно ресурси да ја влошат ситуацијата во пограничните области, но не и да го освојат вториот по големина украински град“.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите го гаѓаат Вовчанск со наведувани воздушни бомби со артилериска поддршка.

- Реклама -