„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“- Изложба на Мирослав Масин

Изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе биде отворена во објектот Даут пашин амам, на 15.5.2024, во 20 часот.
Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура, а како спонзори се појавуваат: Скечерс, Амигос ресторани, Де Ниро Битола и Дајнерс Македонија.

Мирослав Масин дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година. Член е на ДЛУМ, и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка. Покрај самостојни изложби, Масин учествува во инсталации и перформанси, во видео спотови, а негов е сценскиот дизајн на три претстави: во 1993, 1994 и во 2013 година, на мјузиклот Пенелопе Икс.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Творештво
Започнувајќи со самостојни изложби во 1988 година, Мирослав Масин досега остварил повеќе од педесет во земјава и во странство, меѓу кои во: Џенова, Париз, Стразбур и Мајен во Франција, Берлин, Лондон, Белград, Сараево, Зрењанин, Подгорица, Љубљана, и на други места. Мирослав Масин изработил над дваесет и пет инсталации и перформанси, меѓу кои: „Мајмун-човек-мајмун“ (1986, Стара чаршија, Скопје), „Кафез“ (1992, КИЦ, Скопје), „Мајмун-човек-банана“ (1995, КИЦ, Скопје), „Миро и Емил“ (1997, Зоолошка градина, Скопје), „Цивилизација“ (2000, Чимелице, Чешка), „Три желби“ (2005, Зоолошка градина, Скопје),„City Point“ (2009, Нирнберг, Германија) и други.

На 15 октомври 2014 година, во Галеријата на „Младинскиот културен центар“ во Скопје била отворена самостојната изложба на Масин, насловена како „Ашанте“ („Enchante“).На 7 април 2015 година, во Нишкиот културен центар била отворена самостојна изложба на Масин, под истиот наслов.

- Реклама -