Рани знаци на аутизам може да се откријат и пред тригодишна возраст

Нарушувањата од спектарот на аутизмот (АСН) се состојби предизвикана од специфичности во мозокот и како такви може да доведат до проблеми во социјалната комуникација и интеракција, како и до специфични интереси и однесувања.

Иако аутизмот обично се дијагностицира на тригодишна возраст или подоцна, според некои стручњаци, првите знаци може да се појават и на 12 до 18 месеци, па дури и порано. Се вели и дека раната идентификација и интервенција може да им помогне на родителите порано да ги разберат потребите на своето дете. Клучот е да се запомни дека аутизмот е спектар, што значи дека секоја состојба на аутизам е посебен случај. Некои луѓе со аутизам имаат потреба од минимална или никаква поддршка, додека на други може да им треба секојдневна помош од родителот или старател.
Вообичаени рани знаци може да биде, на пр., и проблем со контакт со очите, неодговарање на име или прашања, тешкотии со следење на погледот на друга личност или покажување со прст кон некој предмет, слаби вештини во детската игра и имитација и проблеми со невербалната комуникација.
Центрите за контрола и превенција на болести истакнуваат примери на ограничени или повторувачки однесувања и интереси поврзани со аутизмот. Тука спаѓаат: ставање играчки и други предмети во некој ред и вознемирување ако се смени редоследот, повторување зборови или изрази, играње со играчки на ист начин, сосредоточување на одредени делови од предметите, вознемиреност при мали промени, опсесивни интереси, специфични повторувачки движења и невообичаени реакции на одредени појави.
На возраст до 12 месеци
Според „Хелти чилдрен“ (Healthy Children), повеќето деца можат веднаш да погледнат во насока на предметот кон којшто покажува родителот. Потоа ќе погледнат назад кон возсрасната личност и ќе го имитираат изразот на нејзиното лице – обично насмевка.
Децата од спектарот на аутизам може да изгледаат како да ги игнорираат своите родители, што може да предизвика загриженост и заблуда за слухот на детето. На возраст од девет месеци, тие веќе нема да покажуваат изрази на лицето како среќа, тага, лутина или изненадување, ниту да се вклучуваат во едноставни игри, како имитацијата.
До 15 месеци
Повеќето деца можат да покажат кон предмет што го сакаат во мигот, а не им е достапен. Меѓутоа, детето од спектарот на аутизам, наместо тоа, може да ја насочи раката на родителот кон предметот, без контакт со очите. Понекогаш детето ја носи раката на родителот директно на посакуваниот предмет.
До 18 месеци
Детето вообичаено посочуваат на предмети што ги интересираат. Тоа понекогаш и наизменично погледнува во предметот и родителот за да се увери дека родителот е вклучен во она што малечкото го набљудува со интерес во мигот.
Меѓутоа, децата со аутизам често покажуваат на некој предмет затоа што сакаат родителот да го земе наместо нив, а не затоа што сакаат родителот да учествува во искуството со набљудување на предметот.
На возраст до две години
Дете на оваа возраст ужива да гледа други деца како си играат, па и да ги имитира. Дете од спектарот на аутизам често не реагира кога другите се на пр., повредени или вознемирени.
Од две до пет години
Дете од спектарот на аутизам до три години, обично, веќе забележува други деца и им се придружува во играта. Но, тоа најверојатно не се занимава со глумење или „изведување улоги“ додека не наполни четири години. А, голема е веројатноста и дека нема ниту да пее, танцува или да глуми улоги до петтата година.

Извор