Омаж на Лесли Нилсен (видео)

Почина Лесли НилсенВчера, на 84 годишна возраст, поради компликации од пневмонија, почина Лесли Нилсен, актерот кој најмногу се прослави во одличните пародии, иако во неговата кариера се има појавено во преку 100 филма и повеќе од 1500 телевизиски програми, во кои играл 220 различни ликови. Најголем впечаток остави со филмовите: „Има ли пилот во авионот?“ (Airplane!) и „Гол пиштол“ (Naked gun). Во негова чест, следува трибјут видео токму од овие два филма.

{youtube}LcKJdmXbBBc{/youtube}

- Реклама -