Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам, сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години, изјави вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата кој се тркаше за втор мандат, Стево Пендаровски.
-Мојот коцепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евро-атлантските структури за жал не доби поддршка и сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде успешна, рече Пендаровски.
Длабоко сум уверен, продолжи Пендаровски, дека само таква Македонија може да биде успешна, и мојата совест е чиста, но не верувам дека им е чиста на оние кои, тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат за преседателските избори, осврнувајќи се на бојкотот на претседателските избори.
Пендаровски се заблагодари за сите учесници што овозможија овој изборен ден да се одвива во демократска атмосфера, а за некои нарушувања, истакна тој, оставаме надлежните институции тоа да го решат.