Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

 Конфликтот во Украина мора брзо да се прекине за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“, а тоа е можно само со пораст на промировните сили на европските парламентарни избори, изјави денеска во главниот град на Таџикистан, Душанбе унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Војната претставува сè поголеми предизвици поради постојаното зголемување на масакрот и уништувањето, зголемената испорака на оружје и затоа што некои европски политичари се вовлечени во лудилото на војната, до точка каде што лудилото на нуклеарната војна се појави и во европскиот дискурс. Воената лудило во Западна Европа доби нова димензија и се претвори во еден вид нуклеарна војна. Слушнавме како францускиот и полскиот претседател зборуваат за можноста од нуклеарна војна, посочи Сијарто.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Тој додаде дека ако војната во Украина продолжи да се шири, веројатно ќе ескалира во трета светска војна, а можеби и во нуклеарна војна, „и во тој случај сè и сите ќе бидат изгубени, што никој здрав ум не може да го посака“.

Сијарто повика на прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро. 

- Реклама -