Мециновиќ: Ги повикуваме гласачите на СДС да гласаат за Левица, за да се задржи левиот контингент

„Честа е да се натпреваруваме против СДС во секој случај, затоа што СДС редно е да отиде во историја“, истакна носителот на ИЕ 2 и портпарол на Левица – Амар Мециновиќ, во дебатата на „Канал 77“, на тема „пасокизацијата“ на СДСМ што, како што потсети, први ја најавија од Левица.

Мециновиќ ги повика гласачите на СДСМ да гласаат за Левица.
 
„Ние дури и отворено се обраќаме до СДС-гласачите дека секој даден глас за СДС, во овој случај, е глас фрлен во бунар! Тоа е очигледно. Ги повикуваме да гласаат за нашата опција, за да се задржи тој лев контингент! Да не потпаѓаат, затоа што ние го носиме знамето на АСНОМ, ние го носиме знамето на партизаните! Да не учествуваат во уште еден проект како НСДП! Да не учествуваат во нешто што се нарекува повторно центар- лево! Центар-лево, всушност, значи: лево ветуваме, центар застануваме. Ние ги ветуваме правите левичарски вредности. 
 
Ги повикуваме сите СДС-гласачи да размислат мудро и својот глас да го дадат на левата опција – ЛЕВИЦА, за да се сконцентрираат овие гласови во еден ЛЕВ ПОЛИТИЧКИ ТАБОР”, рече Мециновиќ.
 
Тој истакна и дека на неколку месеци пред изборите „СДС“ ја оставила пола држава без плата, што, според него, е одраз на „матрицата со која владее партијата во распад“.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ
- Реклама -