Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата

Изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што само така ќе успееме да изградиме подобар животен стандард, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево во Сарај во рамки на митингот на Коалицијата за европска иднина.

– Ја прифаќаме силната порака која на вчерашниот изборен ден ни ја испратија граѓаните. Знаеме дека изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Одлуката е во рацете на граѓаните, но сите треба добро да размислат како ќе влијае на нашата иднина ако десничарска партија добие преголема моќ или ако се вратиме во грдите времиња на меѓуетнички тензии, истакна Ковачевски.

Потенцираше дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што, како што вели, само така ќе успеаме да изградаме поквалитетно образование и здравство, поефикасна борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.

- Реклама -