Груби: Спектакуларна победа на Европскиот фронт

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.

Вицепремиерот и министер за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби вечерва на плоштадот Скендербег во Скопје каде беше лоциран Изборниот штаб на противканидатот Таравари, изјави дека е ова спектакуларна победа за коалицијата на Европскиот фронт предводен од ДУИ.

-Славиме победа на Европскиот фронт. Славиме дека ќе победиме со над 20 пратеници на 8 мај, на претседателските и парламентарните избори. Ќе славиме ослободување на Чаир, на Тетово, на Гостивар, на Желино и на сите други окупирани општини со помош на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Додик, Путин и Вучиќ. Денеска е ден на ослободување како што ќе биде и 8 мај, ден пред Денот на Европа, рече Груби.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а Изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен во трговскиот центар Мавровка. 

- Реклама -