Според податоците што ги објави Аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, од обработени 30,23 проценти од гласачките места, нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска-Давкова освоила 45 проценти од гласовите, кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски 19,92 проценти, а Бујар Османи од ДУИ 11,71 проценти.
Четврти е Максим Димитриевски од ЗНАМ со освоени 7, 89 проценти, по што следуваат Арбен Таравари од ВРЕДИ со 7,56 проценти, Билјана Ванковска од Левица 4,53 и Стево Јакимовски од ГРОМ – 1,02 проценти.