Сафади: Нетанјаху се обидува фокусот од Газа да го префрли на судирот со Иран

Шефот на јорданската дипломатија, Ајман Сафади, денеска изјави дека меѓународната заедница треба да го спречи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го сврти вниманието на светската јавност од Појасот Газа кон израелско-иранскиот конфликт.

Во изјава за медиумите за време на заедничката конференција со неговата германска колешка Аналена Бербок, сафади кажа дека Иран одговорил на нападот врз неговиот конзулат во Дамаск, пишува „Тајмс оф Израел“.

-Ние сме против ескалација. Нетанјаху сака да го оттргне вниманието од Газа и да го префрли фокусот на Иран, рече Сафади.

Јорданските воено воздухопловни сили во текот на иранскиот напад врз Израел, во саботата ноќта, пресретнаа десетици ирански беспилотни летала во сопствениот воздушен простор, објаснувајќи, ден потоа, дека тоа го направиле за да се осигура безбедноста на своите граѓани.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Јордан, исто така, дозволи израелски борбени авиони да влезат во нејзиниот воздушен простор за да ги соборат проектилите што доаѓаа, при што ловците на двете земји беа координирани од американската војска, што се верува дека е првпат Израел и Јордан да се борат на иста страна.

- Реклама -