Реал вечерва го затвора покривот на „Сантијаго Бернабеу“ за дуелот против Манчестер сити

Покривот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ вечерва ќе биде затворен за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, во четвртфиналето на Лигата на шампионите, објави добро информираниот шпански новинар Хозе Феликс Дијаз.

Според истиот извор, УЕФА го одобрила барањето на Реал дуелот против актуелниот европски првак да се игра под затворен покрив, нова опција на стадионот во Мадрид од неговото реновирање минатата година.

Реал играше под затворен покрив и во осминафиналето против Лајпциг, а Кралскиот клуб дека ова вечерва ќе придонесе за создавање подобра атмосфера која ќе ги „заплаши“ гостите од Англија. Паралелно со ова, Рееал ги повика сите навивачи кои вечерва ќе бидат присутни на трибините да носат маички во бела боја.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

„Сантијаго Бернабеу со затворен покрив? Љубопитен сум бидејќи никогаш не сум одиграл официјален натпревар во такви услови“, изјави тренерот на Сити, Пеп Гвардиола во пресрет на денешниот натпревар.

- Реклама -