Израел подготвува 40.000 шатори за Палестинците кои ќе ги расели од градот Рафа

Израел ќе постави 40.000 шатори за да ги смести стотиците илјади Палестинци, кои ќе ги расели од градот Рафа во Појасот Газа пред копнената офанзива врз тој град.

Градот Рафа сега е дом на повеќе од еден милион луѓе, главно раселени Палестинци кои избегаа од другите области на Појасот Газа по нападите на израелската армија, од кои повеќето се жени и деца, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија тврди дека во тој град се кријат четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас, додавајќи дека без копнена офанзива нема да биде можно „да се постигнат целите усвоени на почетокот на војната“.

Армијата тврди и дека има израелски заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври во Рафа.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

САД и другите земји се противат на израелската копнена инвазија на градот Рафа.

- Реклама -