10 филмови кои ќе бидат хитови во 2011 (видеа)

BatHornetВеќе сме на половина пат до 2011 година. Оваа година се покажа богата со нови добри наслови, но што не чека следната?

Веќе сме на половина пат до 2011 година. Оваа година се покажа богата со нови добри наслови, но што не чека следната?

Ви ги претставуваме најпопуларните 10 филмови кои би требало да бидат хитови во 2011

The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 1 (Премиера: 18 ноември)
Добро познатиот филм Самрак ќе го дочека неговото четврто продолжение, но овој пат во 2 дела. Како и претходните три, Breaking Dawn ќе биде базиран на “Twilight” сагата на Бела Сван. Видеото подоле е неофицијален трејлер за филмот.
{youtube}_SONWdzZ7hs{/youtube}

The Green Hornet
(Премиера: 14 јануари)
Неодамна беше пуштен неверојатен трејлер на интернет за филмот “The Green Hornet”. Базиран на радио емисија која подоцна станува цртан стрип, во овој филм се работи за обичен новинар кој преку ноќ се бори против криминалот маскиран како “The Green Hornet”.
{youtube}Yo3eI-03OtU{/youtube}

Harry Potter and the Deathly Hallows: Part II
(Премиера: 15 јули)
Веќе е најавен вториот дел на “Deathly Hallows” и последната авантура на Хари Потер. Хари, Рон и Хермиона се враќаат во Хогварт за да ја започнат последната битка против Валдеморт.
{youtube}_EC2tmFVNNE{/youtube}

Transformers 3
(Премиера: 1 јули)
Третиот дел на „Трансформери“ беше најавен за следното лето и веќе е во продукција. За жал, сè уште нема информации и трејлер за овој филм.


Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides
(Премиера: 20 мај)
Џек и Барбоса тргнуваат на патување да ја најдат фонтаната на младоста. Тие подоцна дознаваат дека Црнобрад и ќерка се по истата работа. Нема официјален трејлер за овој четврти дел на Пиратите на Карибите, но подолу можете да проследите неколку снимки од она што следува.
{youtube}21cZ8DR0A3c{/youtube}

Scream 4
(Премиера: 15 април)
Десет години подоцна, Сидни конечно успева да си го среди животот после сите хорори кои ги преживеа во минатите 3 дела. Но, маскираниот убиец повторно се враќа за да ја посети.
{youtube}tX4Xd9Unwhs{/youtube}

X-Men: First Class
(Премиера: 3 јуни)
Пред да станат Професор Икс и Магнето, Чарлс и Ерик се двајца млади луѓе кои сè уште ги откриваат своите моќи. И овој филм нема официјален трејлер.


Captain America: The First Avenger
(Премиера: 22 јули)
Кога војската на САД ќе го отпушти Стив Роџерс како неспособен да служи, тој се пријавува како волонтер во таен истражувачки проект кој го претвора во Капетан Америка, суперхерој спремен да ги брани идеалите на Америка.

Green Lantern
(Премиера: 17 јуни)
Тест пилот добива мистичен зелен прстен кој му дава надприродни моќи како и членство во интергалактичката ескадрила за чување на мирот во универзумот.


Rango
(Премиера: 4 март)
„Ранго“ е новиот анимиран филм на Никелодеон кој раскажува приказна за камелеон со желба да стане херој завршува во град кој е константно напаѓан од бандити. Тој е принуден да ја игра улогата на каубоец-херој за да го спаси овој град.
{youtube}PQjJEYTiga0{/youtube}
Како што можеме да видиме, филмовите основани на стрипови се во подем последниве неколку години, па затоа можеме најмногу и да очекуваме од нив. Дали имате вие фаворит од оваа листа? Коментарите се подолу. [imdb.com]
- Реклама -