Бројот на корисници на интернет ширум светот брзо расте и генерално, земјите со повеќе жители имаат повеќе корисници, но тоа не е правило. Клучните статистички показатели велат дека од 59,9% до 68,3% од глобалното население е онлајн, а Кина е еиднствената земја во светот со над милијарда корисници.
Една четвртина од корисниците на интернет живеат во источна Азија и во северна Европа, односно нордиските земји имаат највисока стапка на користење на интернетот (97,4%), а над 90% од жителите во САД користат интернет.
Најмногу време на социјалните мрежи и на интернет во светот поминуваат Јужноафриканците – во просек 9 часа и 38 минути дневно, а не е изненадување тоа што Кина има најмногу корисници на интернет во светот – 3 од 4 луѓе во Кина користат интернет секојдневно.
Идија е на второ место со нешто помалку од половина од населението кое користи интернет – 49,15%, што е 692 милиони луѓе. На трето место е САД со 311,3 милиони корисници од вкупно 331,9 милиони жители, што е 93% од популацијата.
Експертите не очекуваат дека ќе се смени нешто на ова поле наскоро затоа што Азија како континент и понатаму ќе биде водеча во поглед на бројот на кроисници. Засега само четири земји во светот имаат стапка на усвојување на интернетот од 99% – Ирска, Норвешка, Саудиска Арабија и ОАЕ.
Северна Европа има највисока стапка на покриеност со интернет – 97,4%, а Источна Африка има најниска стапка на покриеност со интернет од само 23,1%. Според најновите податоци, околу 2,85 милијарди луѓе во светот воопшто не користат интернет и тоа најголем дел од нив се во Јуна Азија.
Извор: N1