Блинкен: Украина се наоѓа во „критична фаза“ во војната со Русија

Украина се наоѓа во „критична фаза“ во војната со Русија и итно ѝ е потребна поголема помош од Западот, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој изрази жалење за ќорсокакот во американскиот Конгрес поради пакетот воена помош вреден десетици милијарди долари за Киев.

„Апсолутно е од суштинско значење да им го дадеме на Украинците она што и понатаму им е потребно за да се одбранат, особено во однос на муницијата и воздушната одбрана. Ова е уште една причина поради која барањето за дополнителен буџет кое претседателот (Џо) Бајден го упати до Конгресот треба да биде исполнето што е можно побрзо“, изјави Блинкен за новинарите за време на посетата на Франција.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Бајден побара од Претставничкиот дом под контрола на републиканците да го одобри пакетот за воена и финансиска помош, но претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон го задржува спроведувањето на гласањето за ова прашање со месеци, наведувајќи други домашни приоритети.

Блинкен и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну претходно денеска ја посетија фабриката во која производителот на оружје „Некстер“ произведува самоодни хаубици „Цезар“. Лекорну рече дека „Некстер“ работи на зголемување на производството на два хаубици „Цезар“ месечно од моменталните шест.

- Реклама -