Промоција на Поп култура – издание на платформата Силата ЕУ младите

Во петокот вечер во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа промоцијата на винил компилацијата посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – Поп Култура. Овој винил е своевидно заокружување на музичкиот дел од платформата „Силата ЕУ Младите“ и за жал последен проект на Мирко Попов.

На промоцијата, за Трн изјави дадо Насте Zee и Љупа The John.

Проект кој ќе ја обедини современата македонска музика, урбаните движења и културната-уметничка продукција на младите. Проект посветен на прогресивните идеи и на креативната сила која секогаш го движеше. Ова е винил кој е издаден и промовиран во градот во кој Мирко живееше, го сакаше и во кој остави свој белег и трага која ќе следат генерации кои допрва доаѓаат на скопските улици и на музичката сцена. 

Компилацијата како што и самиот ја најави пред само неколку месеци, претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Таа опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и Слаткаристика (Slatkaristika).

Ова последно дело и проект на Мирко Попов е само уште еден доказ за неговата движечка тридецениска сила на македонската култура, идентитет и урбано Скопје.

Платформата „Силата ЕУ младите“ја собра на едно место најновата генерација креативни и прекрасни млади умови, кои создаваат нова култура и музика денес. Овој албум е важен за сите нас затоа што ни остави нешто што има огромна вредност, а тоа е императивот за квалитетна современа македонска музика. Тука е содржана визијата на Мирко Попов да се креираат подобри услови на живот за себе и за другите за да се унапреди општеството.

- Реклама -