Од победничкиот Европски фронт не стравува само албанската опозиција, туку и Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДУИ.
„Лидерот на македонската опозиција, истовремено и шеф на таканаречената коалиција ‘Вреди’, Христијан Мицкоски, чувствувајќи дека неговите албански партнери ќе претрпат тежок пораз на 24-ти април и 8 -ми мај, изјавил дека коалицијата ‘ДА за Европа, НЕ за Русија’ нема да успее.
Наместо истиот да понуди конкретна изборна програма, опозицијата, обединета со диригeнти од на Путинова Москва, избра да ја клеветат и навредуваат коалицијата ‘Европски фронт’.
Ова го кажа и самиот партнер на Мицкоски, Изет Меџити, чија грижа беше дека ‘ниту една македонска партија не ја сака ДУИ’ “, велат од ДУИ.
„Демократската унија за интеграција им става до знаење и на Мицкоски и албанската опозиција дека како и досега, за победникот во албанскиот блок одлучуваат само гласачите Албанци, а никако Мицкоски, Павле Трајанов или Кремљ.
Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите со ‘+20 пратеници’ и идната Влада несомнено ќе го продолжи европскиот пат на земјата“, порачуваат од партијата.
Истовремено, тие го „потсетуваат“ Мицкоски дека „Северна Македонија денеска е предводена од премиер Албанец, Талат Џафери, а дипломатијата ја води министерот Бујар Османи, идниот претседател на државата“.
„Обидите за дефокусирање на вниманието ќе останат само обиди и ништо друго, а ќе бидат заборавени по 8- ми мај, кога ДУИ и коалициските партнери на ‘ДА за Европа, НЕ за Русија’, ќе објават уште една убедлива победа“, сигурни се од партијата.