Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне

Северна Македонија е добар пријател на Украина и направи многу за да ни помогне, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, одговарајќи на новинарско прашање на онлајн брифинг со странски медиуми, пренесува Гласот на Америка.

– Направивте многу во последните три години. Во споредба со вашите можности, вие навистина направивте многу за да ни помогнете, исто како што направивме и ние за да ви помогнеме во деведесетите, рече Кулеба.

Шефот на дипломатјата на Украина вели дека анкетите низ различни западни земји покажуваат дека луѓето ја поддржуваат украинската влада, но оти дефинитивно ќе се види скок во напорите на руската пропаганда во наредните недели и месеци. особено во светло на претстојните европски избори и претседателските во САД.

Според него, Русија нема да штеди напори да ја обвини Украина за криминал, со цел да ја дискредитира и да ја намали поддршката што ја ужива.

– Затоа, мора да останеме внимателни, мора да се спротивставиме. Најсвеж пример, секако, е обидот на Русија да ја поврзе Украина или да ја обвини Украина дека е вмешана во пукањето во концертна сала во Русија. Овие изјави се лажни и апсурдни. Вака не се бориме за себе. Злосторствата врз цивилите е руска практика, како што видовме во последните неколку години од руската агресија врз Украина, но, да, тие ќе се обидат да се обидат да направат сè да ја дискредитираат Украина, рече Кулеба.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

Русија, според него, нема црвени линии кога се во прашање нивните обиди да ја дискредитираат Украина во очите на целиот свет, но оти проблемот се црвените линии на западните држави.

– Проблемот е помалку во руската пропаганда која не познава црвени линии, туку е повеќе во западните влади кои си поставуваат премногу црвени линии кога станува збор за борбата против поддршката на Украина во нејзината борба против руската агресија, вели украинскиот министер за надворешни работи

- Реклама -