Во 2022 година домаќинствата во светот без потреба дневно фрлиле околу една милијарда оброци, покажуваат процените на Обединетите нации, кои денеска ја осудија „трагедијата“ со фрлање храна во светот.
Во извештајот на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) за индексот на отпадот од храна се наведува дека најголемиот дел од таков отпад, 60 отсто, доаѓа од домаќинствата.
Околу 28 проценти од фрлената храна е од рестораните, а 28 отсто од супермаркети, месарници и други продавници.
– Фрлањето на храна е глобална трагедија. Милиони луѓе ширум светот ќе останат гладни денес бидејќи храната се троши залудно, изјави извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.
Ричард Сванел од невладината организација ВРАП (WRAP), која учествуваше во изготвувањето на извештајот, истакна дека еден оброк дневно од фрлената храна, може да ги нахрани сите 800 милиони луѓе кои страдаат од глад во светот.