Се преврте автобус во Германија, најмалку пет мртви

Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица. Другите патници се тешко повредени.

„Во несреќата загинаа пет лица“, потврдил за германски „Билд“ полицискиот портпарол Олаф Хоуп, додека идентитетот на жртвите не е откриен.

Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се наоѓаат полиција и истражители, како и екипи на итната помош.

Спасувачите соопштија дека над местото на несреќата дежураат пет хеликоптери.

Прочитајте и:  Берлин ја зголеми воената помош за Украина за 400 милиони евра и покрај лошата состојба на буџетот
- Реклама -