Блумберг: Кина и Русија се договориле со Хутите да не ги напаѓаат нивните бродови во Црвено Море

Јеменските бунтовници Хути им кажале на Кина и на Русија дека нивните бродови можат слободно да пловат во Црвеното Море и во Аденскиот Залив, без ризик да бидат нападнати, објави денеска Блумберг.

Јеменската група поврзана со Иран објави дека нејзината акција е во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Нападите на Хутите врз комерцијални бродови почнаа да зачестуваат од средината на ноември.

Според извори на Блумберг, договорот бил постигнат на средба во Оман меѓу дипломати од Русија и Кина и претставници на јеменската група.

На состанокот во земјата на Арапскиот полуостров, делегацијата на Хутите, чие движење официјално се нарекува „Ансар Алах“, беше предводена од нивниот официјален претставник Мохамед Абдел Салам, нивниот портпарол и главен преговарач.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -