Сателитските снимки анализирани од Сателитскиот центар на ОН (UNOSAT) покажуваат дека 35 отсто од зградите во Газа се уништени или оштетени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
За својата проценка УНОСАТ користеше сателитски снимки со висока резолуција собрани на 29 февруари, направени пред и по почетокот на последниот конфликт.
Од нив е заклучено дека 35 отсто од сите згради во Појасот Газа, односно 88.868 се уништени или оштетени.
Уништени се 31.198 објекти, 16.908 се тешко оштетени, а 40.762 претрпеле умерена штета.
Гардијан објави дека во оваа најнова проценка има зголемување за речиси 20.000 оштетени згради во споредба со претходната проценка заснована на слики од јануари, а кои покажаа дека 30 отсто од сите згради биле оштетени или уништени, соопшти УНОСАТ.
Областа Кан Јунис е особено погодена, со 12.279 дополнително оштетени и 6.663 уништени згради.