Путин: Евентуален судир помеѓу Русија и НАТО е еден чекор до трета светска војна

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повторно предупреди дека директен судир помеѓу Русија и НАТО, предводено од САД, би значело еден чекор до трета светска војна.

Путин, иако често предупредува на ризикот од нуклеарна војна, посочи дека никогаш не почувствувал потреба да употреби нуклеарно оружје во Украина.

„На сите им е јасно дека тоа ќе биде на чекор од трета светска војна во цел обем. Мислам дека малку луѓе се заинтересирани за тоа“, истакна Путин по победата на претседателските избори на кои освои уште еден шестгодишен мандат.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -