САД објавија сеопфатна забрана за азбест како дел од борба против ракот

Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА) денеска објави сеопфатна забрана за азбест.

Новото правило забранува хризотил азбест, единствениот вид на тој влакнест минерал кој е во постојана употреба во САД.

Одлуката е донесена затоа што канцерогената супстанца сè уште се користи во некои белила со хлор, плочки за сопирачките и други производи и, како што соопшти агенцијата, секоја година убива десетици илјади Американци.

Прочитајте и:  „Џон Болтон беше лудак, Путин и Ким Џонг Ун се исплашија од него“, вели Трамп, смета дека може да ги раздели Русија и Кина
- Реклама -