До 2028 година минималната плата ќе достигне износ од 600 евра и тоа нема да биде оптоварување за бизнис секторот. СДСМ има план како тоа да го направи, изјави претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски, во интервју за „Слободен печат“.
„Бизнисот може да издржи минимална плата од 600 евра. Ќе ви дадам пример, денес во приватниот сектор минималната плата е над она што е законски определно и најголем дел од приватните компании своите плати ги имаат димензионирано над нивото на минималната плата. И вие ако ги погледнете огласите за вработувања, ќе видите дека платите веќе се на повисоко ниво од оние 22.500 денари колку што е минималната плата, појаснува меѓу другото Ковачевски во интервјуто.