Хил: Во Србија не преовладува проруското размислување, државата донесе одлука да биде во ЕУ

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека не мисли дека во Србија преовладува проруско размислување, гледајќи ја како земја која донела одлука да биде дел од Европската унија.

Во интервју за Јуроњуз, Хил рече дека Србија мора јасно да покаже дека воспоставувањето различни односи со земјите е нешто што ќе биде корисно за Европската унија.

„Луѓето мора да ја разберат историската позадина и дека Србија има различни односи со државите и дека со овие разлики може да биде добра членка на ЕУ. Но, се мора да оди побрзо и не може да се очекува граѓаните да чекаат 17 години и да не бидат фрустрирани“, рече Хил.

Прочитајте и:  Во Вашингтон најавен протестен марш пред инаугурацијата на Трамп

Тој додаде дека има значително повеќе работи за кои Србија и САД се согласуваат од оние за кои не се согласуваат и дека соработката мора да се продолжи и дека односите меѓу двете земји не смеат да зависат од трети страни.

Американскиот амбасадор додаде дека би сакал Србија и Косово да направат чекори напред кон нормализирање на односите и оти одлуката на Централната банка на Косово да го укине динарот создава голем проблем на тој пат.

- Реклама -