Рачно насликани филмски постери

ПостериВо осумдесеттите, кога во Гана за првпат стигнале филмовите на видео касети, се родиле и првите подвижни кина. За потребите на оваа, во тоа време, револуционерна индустрија, создадени се и голем број рачно насликани постери за филмовите кои се апсолутно уникатни.

Во осумдесеттите, кога во Гана за првпат стигнале филмовите на видео касети, се родиле и првите подвижни кина. За потребите на оваа, во тоа време, револуционерна индустрија, создадени се и голем број рачно насликани постери за филмовите кои се апсолутно уникатни.

Постери

Во времето кога првите касети со филмови дошле во Гана, најголемиот дел од земјата немал ниту електрична мрежа. Ова било искорисетно од некои досетливи бизнисмени кои набавиле подвижен генератор, телевизор и видео и организирале подвижни кина, низ градовите и селата од земјата. Преку ден во затворени простории од јавен интерес, а навечер на отворено.

Постери

Нормално, за да се максимизира профитот, потребно било да се направи и рекламна кампања за прикажувањето на секој филм. За ова, потребни биле големи филмски постери. Тие биле изработувани од сликари кои имале апсолутна уметничка слобода да ги насликаат огромните платна со детали и сцени кои ги виделе во филмовите или кои воопшто не постојат, но ќе ја зголемат посетеноста на прикажувањата.

Постери

Денес, овие постери веќе се сметаат за уметност, зашто секој еден од нив е апсолутно уникатен, а покрај филмовите, во нив се изразени и погледите на светот од уметниците што ги изработиле.

Постери
Постери
Постери
Постери
Постери
Постери
Постери
Постери
Постери

Доколку сакате да погледнете уште некој од овие уникати, кликнете тука.

- Реклама -