Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба порача денеска дека Европа „ако сака да го oбнови мирот“, мора да го зголеми производството на оружје и да го забрани извозот на артилериска муниција на другите континенти.
Тој во авторски текст за француски „Монд“ напиша дека украинската армија поради недостигот на артилериски гранати не е во состојба да ја уништи руската артилерија и да ги заштити нејзините војници.
Кулеба им се заблагодари на украинските сојузници за одлуката донесена на конференцијата во Париз на 26 февруари за зголемување на набавката на муниција, која ќе биде испратена во Киев, од трети земји, но нагласи дека „тоа не е доволно“ и дека се потребни „одлучни и систематски одлуки“.
„Постојат некои едноставни и очигледни решенија што нашите партнери можат да ги преземат за да им помогнат на нашите борци. На Украина и треба повеќе артилериска муниција и ракети со долг дострел за да ги одбие руските напади и да ја ослободи својата територија. Потребен ѝ е системот за воздушна одбрана „Патриот“ и други системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити своите градови“, изјави шефот на украинската дипломатија.