Бајден ќе ѝ нареди на американската војска да изгради пристаниште во Газа за хуманитарна помош

Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва ќе му соопшти на Конгресот дека ќе и нареди на американската војска да изгради пристаниште во Газа за транспорт на хуманитарна помош по морски пат до опколената палестинска територија.

„Вечерва, претседателот во своето обраќање за состојбата на нацијата ќе каже дека ќе и нареди на американската војска да спроведе итна мисија за воспоставување пристаниште во Газа“, изјави за новинарите неименуван висок американски функционер.

Бајден ќе одржи традиционален претседателски говор сред кампањата за претседателските избори закажани за крајот на годината, на кои се очекува тој да биде кандидат на демократите.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -