Медиумите во Белгија го обвинуваат Путин дека лаже за историјата на земјата

Белгиските медиуми денеска ја дефинираа како лага изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на средбата со младите во Сочи, каде тој рече дека Белгија денес постои благодарение на Русија.

„Путин ја препишува историјата, тоа е фалсификување“, се вели во оценката на белгиските медиуми, а се прави споредба со толкувањата на шефот на руската држава во однос на историјата на Украина.

Се додава дека Путин не дал основа за своите тврдења. Објаснето е дека историските документи укажуваат поинаку – рускиот император Николај Први во 1830 година ја согледал желбата на Белгија да се одвои како независна држава како закана за европскиот поредок договорен на Конгресот во Виена по Наполеонските војни.

Прочитајте и:  Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија

Кралот имал намера да испрати воено засилување на холандскиот крал Гијом за да го задуши бунтот во тогашните јужни провинции на неговото кралство. Поради истовременото востание во Полска против Руската империја, руските трупи не стигнале до западните делови на Европа.

„Ова не е прва злоупотреба на Путин за историјата“, пишуваат медиумите. Забележано е дека три дена пред да ја нападне Украина во 2022 година, Путин го претстави своето гледање на историјата, според кое „Украина е целосно создадена од Русија“.

- Реклама -