Јеменските бунтовници Хути, наводно, нападнале товарен брод во Аденскиот Залив, предизвикувајќи жртви, изјавија двајца американски претставници, пренесува Бета.
Остатокот од екипажот го напуштил бродот True Confidence, кој пловел под знамето на Барбадос.
Ова е првпат да има смртни случаи откако движењето Хути, поддржано од Иран, напаѓа комерцијални бродови во Црвеното Море, во, како што тврдат, знак на поддршка за Палестинците во војната меѓу Хамас и Израел.
Бродскиот сообраќај поради тоа значително е нарушен бидејќи тие напаѓаат бродови на рутата што ги поврзува Азија и Блискиот Исток со Европа, а последниот напад може да доведе до ескалација на тензиите.